А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Каде се згреши: Рачно се дупчи новиот асфалт на булеварот “Борис Трајковски“ пред да биде пуштен во употреба

by А1он04/09/2017 - 20:0982
Share0

Работници рачно го дупчат асфалтот на се уште непуштениот во употреба булевар „Борис Трајковски“ поради грешка во изведбата. Проширениот и реконструиран булевар треба свечено да биде пуштен во употреба на 8. септември и затоа од една страна се подготвуваат ленти за свечено пуштање во употреба, а од друга страна работници набрзина бараат под асфалтот каде е грешката.

Добивај вести на вибер

Според жителите на потегот на булеварот, сега канализацијата прелева во куќите и се шири лош мирис што упатува дека е направена грешка при поставување на цевките.

Во декември 2015 година тогашниот премиер Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски го означија почетокот на третата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“.

Се работи за реконструкција и проширување на скопската сообраќајница на потегот од фабриката Стаклара до влезот во населбата Пинтија. Градежните работи како што тогаш беше најавено беа предвидени да траат 18 месеци и да опфатат проширување на коловозот од две на четири сообраќајни ленти, пешачки патеки од двете страни на коловозот и велосипедска патека.

skopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен