Кацин: Грција нема да блокира ако Македонија ги исполни условите

Од:

Амбасадорот на Словенија во НАТО, Јелко Кацин во Брисел порача дека само од граѓаните во Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Алијансата.

– Одлуката во Грција е веќе усвоена, условите се на ваша страна, штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина, да не добиевме позитивна порака генералниот секретар денеска немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори, рече Јелко Кацин.

Попладнево на македонскиот премиер Зоран Заев ќе му биде директно врачена поканата за НАТО, која води до пристапни преговори со земјите членки и ратификации од нивна страна штом на референдум поминат уставните измени предвидени во Договорот со Грција.

Без тие уставни измени, Македонија не може да стане членка, но поканата не може да биде повлечена, прецизираше словенечкиот амбасадор, јави дописничката на МИА во Брисел.

– Одлучени сме да и пружиме прилика на Македонија и ќе направиме сѐ што е во наша можност да им помогнеме на граѓаните да го разберат историскиот момент после сите тие долги години блокада. На Македонија е да одлучи дали прифаќа компромис, во согласност со тој компромис да го пополни својот Устав за веќе на почетокот од следната година вашите министри да можат да бидат со нас состаноците на НАТО, рече Кацин.

Македонија штом ги заврши преговорите за членство, кои обично не траат повеќе од неколку месеци, ќе може да биде присутна на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО но без право на глас, се додека не се исполни Договорот со Грција.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он