Качаниклиевска: Не ни ја злоупотребувајте куќата!

Од:

Скопјанката Добрила Качаниклиевска, која беше спомната како сопственичка на куќа во Жданец, до медиумите испрати писмо во кое тврди дека спомнатиот плац е наследство од нејзиниот прадедо со што демантира дека тоа е имот на кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Во мое лично име и во името на моето семејство, упатувам остар демант и реакција поради политичката злоупотреба на нашата куќа во населбата Жданец. Сакам да кажам дека тој плац е наследство од мојот прадедо. На него јас и мојот покоен сопруг, од сопствени средства, во периодот од речиси една деценија, поточно од 2001 до 2007 година ја градевме куќата како семеен дом за нас и моите два сина“, соопшти таа.

Качаниклиевска вели дека најенергично протестира што политичките партии плодот на нивната семејна мака го злоупотребуваат во политички цели. Доколку и натаму се продолжи да се злоупотребува нивниот имот во изборната кампања од било кого таа најави дека ќе покрене тужба пред надлежните судски органи.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија