А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кацарска кон Вељаноски: Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат?

by А1он11/12/2018 - 15:46311
Share0

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот, Горан Ѓошевски – Леви. Судијката Добрила Кацарска го испрашуваше Вељаноски за неговата улога во собраниските инциденти.

Добивај вести на вибер

„Што му пишавте на Горан Ѓошевски – Леви во 17 и 47 часот? Зошто му пишавте порака на Ѓошевски со содржина – бидете на штрек!“

Судијката Кацарска го праша Вељаноски за пораката која Ѓошевски му ја испратил со содржина: „сите знаат и од МВР“ и го праша кои се тоа сите од МВР, на што Вељаноски не знаеше да одговори.

Експретседавачот на Собранието рече дека во неговиот кабинет не влегле луѓе со фантомки. Судијката го праша уште еднаш дали е сигурен дека немало такви лица во претседателскиот кабинет на што тој одогвори со „да“.

Вељаноски кажа дека неговото обезбедување не го известило дека во Собранието шетаат луѓе со маски, по што судијката го потпраша сведокот како сака да го ангажира и понатаму за негов обезбедувач, а не си ја врши работата.

„Дали сте биле барем со нешто запознаени на 27. април“, го праша Кацарска, Вељаноски, на што тој рече дека се сеќава оти имал комуникација со Ѓошевски.

„За кој Душко станува збор во оваа порака од 27. април 2017 година? Кој е тој Дуушко, на кого треба да му бидат кажани мериките?“, го праша Кацарска сведокот.

Вељаноски одговори дека Душко е ликот со кого разговарал за изработка на полици на село, на што судијаката му рече „на 27. април зборувавте за полици на село?“, по што Вељаноски се насмевна.

Кацарска го прашуваше дали комуницирал на 27 и 28 април со Крсто Мукоски и Митко Чавков. Тој рече дека со Чавков комуницирал само за дисциплинската постапка на Горан Ѓошевски.

„Знаевте ли дека во салата 3 се тепаат пратеници и се напаѓаат новинари“, запраша судијката, а Вељаноски рече дека имало на телевизија но тој ниту пријавил, ниту гледал зошто тоа било надлежност на МВР.

На крајот од сведочењето судијката Кацарска го праша Вељаноски:„Дали на 27. април единствено се грижевте вашето обезбедување да не дозволи никој да седне на вашето место?“

По сведочењето на Вељаноски следува пауза, по што ќе бидат сослушани преостанатите дополнителни сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Васко Маглешов

27 april

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он24/01/2025 - 17:02

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Горан Наумовски29/12/2024 - 13:07

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Горан Наумовски25/12/2024 - 11:42

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски24/12/2024 - 13:2024/12/2024 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен