Кабинетот на претседателот организира низа културни настани по повод 30 години независност

Од:

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија ќе се одржат низа културни настани преку кои ќе се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Како што наведуваат оттаму, одбележувањето на 30-годишнината на независноста во Кабинетот на претседателот, насловено како „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ претставува пресек на само скромен дел од уменичките белези, артикулирани низ визуелните, изведбените и музичките интерпретации.

На 7 септември 2021 година, вторник, со почеток во 19 часот, претседателот Стево Пендаровски свечено ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“ на која ќе бидат претставени автори и дела кои се приказ за виталноста и автохтоноста на историското колективно постоење и дејствување. На изложбата во претседателскиот кабинет ќе бидат претставени дела на Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Мазев Петар, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сѐ до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши.

Во рамки на изложбата ќе има и резиме на околу 143 автори кои имаа најголемо влијание во изминативе 30 години, а чии дела ќе бидат дигитално претставени. За време на настанот, млади уметници – студенти од Факултетот за ликовни уметности ќе изработуваат слика – мурал, што ќе биде донирана во хуманитарни цели, а ќе настапи и Долорес Поповиќ, актерка и композиторка. Изложбата ќе биде реализирана во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.

На 9 септември, четврток, со почеток во 20 часот, во Кабинетот на претседателот ќе се изведе перформанс „Везилка“, посветен ракопис на основоположникот на македонскиот современ јазик и македонските траги во современата книжевност и култура, Блаже Конески. Перформансот „Везилка“ се базира на драматуршки рекомпонирани стихови на Конески, но и делови од неговата проза, како и делови од разговорите со Цане Андреевски, а ќе го подготват и изведат: музичката група Фолтин, Трајанка Илиева Вељиќ – Таци, Ања Митиќ, Александар Степанулески, Никола Настоски, Ѓорѓе Јовановиќ и Зоја Бузалковска.

– Перформансот „Везилка“ се одржува во годината во која се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, втемелувачот на современата македонска филологија, лингвистика, литература и култура. Претседателот Стево Пендаровски е покровител на манифестацијата „2021-Година во чест на Блаже Конески“, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

На 10 септември, петок, со почеток во 20 часот, во Кабинетот на претседателот ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна Димчевска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности

(ВИДЕО) Мицкоски: Денеска сме исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината

Горан Наумовски

Мицкоски: Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија

Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани

Владата во боите на македонското знаме по повод Денот на независноста

ВИДЕО: НАТО со честитка за Денот на независност на Македонија