Кабинетот на Џафери: Милошоски на недозволив начин ги добил материјалите од кабинетот на Иванов

Од:

Класифицирани документи, добиени од кој и да е орган, не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат, да бидат разгледувани на јавна седница и пред лица кои немаат таков сертификат, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

„Претседателот на Комисијата за надворешна политика повеќе од 1 година нема безбедносен сертификат, иако од стручните служби во Собранието му било укажувано дека е истечена важноста на претходниот. Според ова, пратеникот и претседател на Комисијата, согласно Законот за класифицирани информации, кој е без неопходниот безбедносен сертификат, не можел да бара, поседува и да изнесува јавно документи кои имале назнака ‘строго доверливо’. Антониjо Милошоски до Кабинетот на претседателот на РМ доставил барање за добивање материјали од лидерските средби одржани во јануари и во мај годинава, и на недозволив и заобиколен пат, лично, не преку архива, ги добива материјалите од Кабинетот на претседателот Иванов, нешто што не е според законот“ се вели во соопштението на кабинетот на Џафери.

Таму се додава дека материјалот е отворен и по неколку дена од други лица во Собранието донесен во Архива за да се процесуира.

„Со ова овој материјал станува сопственост на Собранието. Укажуваме дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, постапил согласно член 52 од Деловникот за работа на Собранието, во кој е наведено дека пратеникот е должен да ја чува државната, службената, воената и деловната тајна. Како тајна се сметаат сите материјали што му се упатуваат на Собранието и на работните тела, а кои како такви се означени од предлагачот на материјалот. Начинот на ракување и чување на материјалите што се сметаат за тајна се уредува со посебен акт што го донесува претседателот на Собранието.
Напоменуваме дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ниту криел, ниту крие некакви материјали и сознанија, туку постапил исклучиво според Законот и Деловникот.
Претседателот Џафери нема да дозволи незаконско работење во Собранието на РМ“ се вели во соопштението на кабинетот на претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра