Кабинетот на премиерот ќе ангажира советници и лица на раководни позиции за реализација на обемната програма

Од:

Кабинетот на премиерот на Република Македонија објави огласи за ангажирање лица на раководни и нераководни позиции и за советници во повеќе области. Огласите се објавени денеска, а заинтересираните ќе може да аплицираат електронски до 14 јули 2014 година.

Како што информира портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, ќе се бараат лица за раководни и нераководни позиции од областа на странски инветиции, поддршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол и право.

На огласите, птоенцира, може да се јават сите заинтерсирани кои поседуваат квалитет, способност, кои веруваат во себе и кои ценат дека можат да придонесат во реализација на реформите и владините политики и проекти.

Бројот на лицата кои ќе се ангажираат на раководни и нераководни позиции, како што рече портпаролот, не е лимитиран со огласот и ќе зависи од преференциите на самите апликанти, односно од проценката на нивниот квалитет, способноста која ќе ја демонстираат и образованието, односно вештините кои ќе ги докажат во процесот на селекција.

Според огласот кандидатие за странски инвестиции треба покрај обазованието да имаат и најмалку пет години работно искуство. Во областа на поддршката на домашната економија и за човечки ресурси, исто така, се бара од кандидатите да имаат петгодишно работно искуство, за протокол три години работно искуство и за правото 10 години работно искуство.

Како што посочи владиниот портпарол задолжително е познавање англиски јазик, а за предност ќе се смета познавањето други странски јазици, особено од официјалните јазици на ЕУ и ОН.

Во однос на вториот оглас, портпаролот потенцира дека се бараат советници за политички прашања, ЕУ, надворешни работи, животна средина, рударство и минерални суровини, култура, економија, претприемништво, индустрија и иновации, земјоделство, правосудство и администрација, енергетика, транспорт и врски, информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа.

Ѓорѓиев потенцира дека ангажирањето на новите лица е во функција на проширување на човечкиот потенцијал на Кабинетот на премиерот со цел реализација на владината програмата за периодoт 2014-2019, која е обемна. – Цениме, додаде, дека со ангажирање на најквалитетните, најспособните кадри кои ги поседува Република Македонија ефектите од спроведување на програмата и реализацијата на владините политики ќе го добијат полниот ефект онака како што го замислуваат и граѓаните во функција на постигнување на што поголема корисност за самите граѓани на Република Македонија.

На двата огласи може да се пријават сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат критериумите од огласот, а ќе бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

– Даваме еднаква шанса за сите кои сакаат да аплицираат. Нема да има никакво фаворизирање. Единствен критериум при изборот ќе биде личната способност, стекнатото образование, познавањето странски јазици и потенцијалот на самиот кандидат, потенцира Ѓорѓиев.

Тој додаде дека Владата ги охрабрува да се пријават лицата кои своето образование го комплетирале на еден од рангираните 100 универзитети, за кои Владата дава и стипендии. Портпаролот Ѓорѓиев посочи дека се охрабруваат да се пријават и сите кои го завршиле своето образование на универзитетите во земјава.

Заинтересираните ќе може да аплицираат електронски на веб страната на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он