Кабинет на Макрон: При употребата на придавката за граѓаните на С. Македонија е направена ненамерна грешка

Од:

Покрај редовната комуникација со амбасадата на Франција во земјава, Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, информираат од МНР.

Притоа бил потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, велат од МНР.

Макрон во два наврати го употреби изразот „Северномакедонци“ но и во сегашното соопштение никаде го нема зборот Македонци, туку граѓаните на Македонија.

Би можело да ве интересира

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски

Цел мандат ли ќе барате подобра преговарачка позиција: Како „модерни“ Македонци не влегуваме во ЕУ – Филипче и Мицкоски за евроинтеграциите

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски