Кабелските оператори потврдуваат дека имаат договор со ТВ БОМ и К15

Од:

Пред истекот на рокот утре што СРД го упати до кабелските оператори, претставник на SCTV Australia која е сопственик на каналите ТВ БОМ и К 15 , достави доцна попладнево во Советот за Радиодифузија договори со 48 кабелски оператори.

На договорот има печат и потпис, иако во странските земји па и во Австралија по правило не се ставаат печати. Сепак, за да ги задоволат барањата на СРД, од SCTV го исполниле и овој услов во намерата да докажат дека каналите се во нивна сопственост и дека ги поседуваат авторските права.

Со ова целата конфузија станува уште поголема ако се има предвид дека претходно Џон Јеремиќ се претстави како сопственик на истите канали, но немаше никаков договор со кабелските оператори, а за таа цел допатува дури до Скопје.

Она што СРД го интересира е кој е носител на авторските права за емитување. Првично носител на правата за емитување на каналите беше UBI TARBS, која SCTV Australia тврди дека ја има преземени уште пред да згасне, а со тоа ги поседуваат и правата за емитување.

Во контекст на целата ситуација, вчера СРД на брзина донесе и две одлуки. Едната со која за десетина документи, меѓу кои и за регулирање на авторските права се бара оригинален документ или пак копија заверена кај нотар.

СРД донесе одлука и со која може да се емитуваат програми на канали од земји со кои Македонија има склучен договор за реципроцитет. Доколку нема, според одлуката, за емитувањето на тие канали треба да важи домашното законодавство.

Истовремено кабелските оператори испратиле писмо до СРД каде ги подучуваат што и како треба да се емитува. Тие во писмото укажале дека повеќе треба да биде застапена македонската музика и македонски содржини кои ги има на ТВ БОМ, и дека сите тие имаат потпишано договор со каналите ТВ БОМ и со К 15.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on