Jutarnji List: Во македонското Собрание малку фалеше да потече крв

Од:

Македонија е на прагот на сериозна политичка криза, по судирот меѓу владините демонстранти и опозицијата, кои ексалираа во понеделникот во македонскиот парламент, на седницата каде се усвојуваше буџетот за 2013 година, пишува хрватскиот „Јутарњи лист“ .

Во текстот се наведува дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, покрај опозициските протести и обидот за блокада на Собранието, го изгласала буџетот, за кој опозициските партии сметаат дека ќе ја доведе земјата до банкрот. Во Собранието малку фалело да потече крв.

„Полициските специјалци го спречија судирот меѓу поддржувачите на една и на другата партија, кои се маваа со шишиња, камења и со портокали“, пишува „Јутарњи“.

За владејачката партија да може лесно да го донесе оспоруваниот буџет, мораше да примени – благо кажано – недемократски потег. Таа насилно ги исфрли опозициските пратеници од Собранието, а пред тоа, истото го направи и со новинарите, се наведува во текстот.

„Најмалку четворица опозициски пратеници беа повредени во таа досеа невидена акција, а лидерите на опозцијата најавија напуштање на Собранието и блокади на крстосниците низ земјава“, информира хрватскиот „Јутарњи лист“.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието