Јустиција организираше марш за родова еднаквост во Куманово

Од:

Македонската платформа против сиромаштија и нивните членки здруженијата Јустиција и Фибула, денеска на градскиот плоштад во Куманово го организираа четвртиот по ред марш по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Од здруженијата посочија дека преку овогодинешниот марш јавно се потенцира сиромаштија во контекст на родовиот аспект.

Оливера Доцевска, од здружението Јустиција изјави дека годинава, маршот го спроведуваат со поддршка на Македонската платформа против сиромаштија и дека вакви симболични маршеви се организираат на ниво на државата, со цел да се укаже дека не треба само декларативно да се потенцира родовата рамноправност, туку се потребни акции за суштинско потенцирање на еднаквоста.

– Сиромаштијата е сексистичка, поголем е бројот на жените кои се сиромашни, жените се уште земаат плата пониска од нивните колеги, поголем е бројот на невработени жени, дури и во спортот нивниот успех не наидува на еднакво воодушевување како кај мажите, изјави Доцевска.

Македонската платформа против сиромаштија укажува дека на Меѓународниот ден на жената е потребно е да се проговори за социо-економските фактори кои ја поддржуваат родовата нерамноправност.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци