Југозападниот дел од Гевгелија денеска седум часа без струја

Од:

Корисничко – енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија, утрово потврди дека поради неопходни работи за осовременување на електро мрежата,денеска од 10 до 17 часот без електрично напојување ќе биде југозападниот дел од градот.

Седумчасовниот прекин на струја ќе ги опфати булеварот „Гевгелија“, населбата „Караорма“, улиците „Маршал Тито“, „Солунска“, „Јосиф Јосифовски“, „Сараевска“, „Илија Миов“ и улицата „Моински пат“, со сите индустриски објекти на таа улица.

Од КЕЦ Гевгелија апелираат до граѓаните и правните субјекти,професионално или приватно,времето денеска да си го организираат според најавениот прекин на електрична енергија во југозападниот дел од градот.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно