ЈСП воведува возен билет за цел ден

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ в година планира да воведе дневна автобуска карта која би се купувала еднократно, а би важела во текот на 24 часа или, пак, само 90 минути, објави „Дневник“.

Корисниците со ова карта ќе може да сменат неколку автобуси, без да плаќаат нов билет. Ваква практика има во градовите во Западна Европа. Целта на овој тип наплата е да се исфрлат од употреба досегашните картички, да се намали готовината кај возачите, времето на стоење на постојките, и да се зголеми контролата врз прометот. Овие карти би се надополнувале по припејд-принцип, како мобилните телефони.

Дневниот билет за неколку возења би важел на градските и на приградските линии. Цената се уште не е утврдена, но според практиката во други земји, вообичаено билет за многукратно возење чини колку четири билети за едно, кое сега изнесува 35 денари.

Би можело да ве интересира

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии