ЈСП со изменет возен ред за време на празниците

Од:

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие, на 31 декември автобусите ќе сообраќаат по вообичаениот делничен возен ред, а во следните два дена на 1 и 2 јануари тие ќе возат по неделниот распоред. Ноќните линии на 31 декември (понеделник спроти вторник) и 1 јануари (вторник спроти среда), ќе работат по возен ред како во сабота кон недела.

Од ЈСП велат дека имајќи предвид оти во меѓувреме ќе почне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 3 јануари ќе биде редуциран.

На 7 јануари, в понеделник, автобусите од јавниот превоз повторно ќе возат по неделен возен ред.

Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември (понеделник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот се врши редовен сервис на објектот.

На 1 јануари (вторник), жичницата ќе почне со работа од 11 часот.

„Поради техничкиот проблем на веб-страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224“, порачува ЈСП.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он