ЈСП реагира: На масовните протести се повеќе граѓани го користат јавниот превоз

Од:

ЈСП Скопје реагира на објавениот текст со наслов „Автобуси на ЈСП носеа демонстранти во Скопје“, нарекувајќи ги протестите масовни, а информацијата непотполна.

„ЈСП СКОПЈЕ реагира по однос на спинувата и непотполна информација од страна на порталот А1он со наслов „Автобуси на ЈСП носеа демонстранти во Скопје“, објавена на 21.03.2017 година. Причината за оваа реакција се однесува на фактот дека се повеќе граѓани, вклучувајќи ги оние кои се приклучуваат на масовните протести, го користат јавниот превоз во Скопје. Истите, очигледно се задоволни од условите кои ги нуди претпријатието и во тој контекст им благодариме на нивната доверба.

Во контекст на напишаниот текст, ги замолуваме истражувачките новинари на А1он, во иднина, кога ќе објавуваат вакви написи, да ги вметнуваат и ценовникот, како и возниот ред на автобусите на ЈСП СКОПЈЕ“ стои во реакцијата на ЈСП.

Вчера А1он забележа дека од автобусите на ЈСП масовно излегуваа во колони луѓе кои се упатуваа заедно на протестот. Која е цената за овој превоз најдобро знаат од ЈСП, со оглед дека ова не е автобуска станица каде ЈСП редовно застанува.

Би можело да ве интересира

Скопјанец повреден при пад во автобус на ЈСП

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa