Секретарот на Град Скопје: ЈСП од утре ќе протестира пред Влада

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје апелира и бара од Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието, повика секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров.

– Во моментов Владата, односно Министерството за образование има долг кон ЈСП од 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари, истакна Глигоров

„Долговите кон ЈСП кои се бројат во милиони евра го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието и создаваат проблеми во тековната работа, односно исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.

Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП Скопје има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски.

Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од утре среда 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП“, додаде Глигоров.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели