ЈСП ја скрати трасата за бројот 28 поради затворањето на „Македонско село“

Од:

Од понеделник линијата 28 ќе сообраќа по изменета, скратена траса од досегашната, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Причина за кратење на трасата, велат од ЈСП, е затворањето на комплексот „Македонско село“, па затоа се менува почетната станица, а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

„Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А – улица„Лондонска“, а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези (Македонско село). На линијата ќе сообраќа минибус“, соопшти ЈСП.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он