ЈСП апелира да не се оштетуваат новите постојки и автобуси

Од:

Од новопоставените 70 автобуски постојки низ Скопје, 10 веќе се оштетени. Искршени се стаклата, а на голем број од нив се испишани графити. Истовремено продолжува и вандализмот во новите автобуси каде има искршени столчиња, уништени штофови и делови од климите.

Тоа го соопшти денеска на прес-конференција директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ Мишо Николов, упатувајќи апел до граѓаните да помогнат во одржување и зачувување на новите постојки и автобуси.

Кај автобуските постојки особен предмет на вандализам се информативните табли и останатите информации за ЈСП „Скопје“.

– Граѓаните треба да ни помогнат да ги одржуваме постојките. На нив има информативни панели со возен ред и разни информации и токму тие се посебен предмет на вандалистите, рече Николов.

ЈСП „Скопје“, посочи, постојано презема активности за обновување на уништените работи во автобусите, но не може да обнови толку колку што граѓаните можат да искршат. За да обезбеди финансии неопходни за одржување на возниот парк и на автобуските постојки, според Николов, потребно е граѓаните да плаќаат билети при користење на јавниот градски превоз. Нивната свест за тоа ќе се подобрува преку кампања „Користи јавен превоз – плаќај билет“, што ќе почне утре, а ќе трае до Нова година. Преку кампањата на граѓаните ќе им се укаже на санкциите со коишто може да се соочат доколку бидат затекнати од контролорите без билет. Во таква ситуација имаат можност да купат дополнителен билет во износ од 300 денари или да се соочат со прекршочна постапка и глоба во износ од 50 евра и дополнителни трошоци за извршување.

Одговарајќи на новинарски прашања, Николов информира дека најмногу оштетувања и насилство има во автобусите со средношколци од мешан етнички состав, но, како што рече, тоа не е секогаш правило. Меѓу проблематичните ги наброја линиите со бр. „2“ и „55“.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели