ЈПДП ги демантира шпекулациите дека ГК АКТОР го рехабилитира Р103 делница Прдејци-Смоквица

Од:

„ЈПДП најостро ги  демантира шпекулациите дека ГК АКТОР го рехабилитира регионалниот пат Р103 делница Прдејци –Смоквица.

Сакаме да ја известиме јавноста како и г. Тихомир Ручкоманов од ОО  на ЛДП од Гевгелија кој лично не прозва како Јавно претпријатие за државни патишта дека ЈПДП со сопствени средства во висина од 19 милиони денари  го рехабилитира Р 103, делница Прдејци –Смоквица преку Програмата  за инвестиционо  одржување  со ЈП Македонија Пат ( кои патем и го изведуваат асфалтирањето).

Рехабилитацијата  е отпочната оваа година и истата ќе продолжи и во наредните години . Оваа година се издвоени 3 милиони денари , а до 2018 г. вкупно ќе бидат издвоени 19 милиони  денари за рехабилитација  на патниот правец  Р103, делница Прдејци-Смоквица.

ЈПДП и понатаму продолжува со зацртаната програма за изградба , рехабилитација и реконструкција на голем број на патишта во државата, сега и во иднина“, се вели во демантот на Јавното претпријатие за државни патишта на изјавата на г. Тихомир Ручкоманов од ОО на ЛДП од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска