ЈП „Водовод и канализација“ со поддршка за СОС Детско село преку месечни донации за деца и млади

Од:

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во април годинава стана член на СОС Детското село и се приклучи кон акцијата за редовно месечно донирање со цел обезбедување континуирана поддршка на децата и младите без родителска грижа, но и оние во социјален ризик за кои СОС семејство се грижи 19 години.

Во Дирекцијата на претпријатието и во Сервисниот Центар во Бутел, како што информираат во соопштение, се поставени и касички за донација, каде корисниците, посетителите и граѓаните можат да донираат.

Според директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски, на овој начин се менува перцепцијата кон делување на јавните претпријатија и институции во однос на општествената одговорност.

-Чест и задоволство е да си член на едно големо семејство, како СОС Детско село. Започнавме само со една позитивна мисла, да ја поддржиме иницијативата за донирање средства за децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик згрижени во СОС Детско село, а како што велат оттаму досега се донирани 374.944,00 убави мисли, преку повикот упатен до нашите корисници. Јас сум навистина среќен и задоволен што со промените кои ги правиме успеваме да допреме до граѓаните, што тие можат да ја препознаат нашата заложба за делување во заедницата и што даваат позитивен одговор на тоа. Оттука, ги повикувам сите компании, институции, претпријатија и поединци да го следат нашиот пример, бидејќи убаво е да си прв, но никој не треба да биде сам, истакна Весковски.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја отвора и можноста за онлајн донации преку својата веб-страна www.vodovod-skopje.com.mk каде има можност за директно поврзување со линкот за онлајн донации на СОС Детско село https://sos.org.mk/sos-superheroi/.

Би можело да ве интересира

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он