ЈП Водовод и канализација – Скопје, добитник на втора награда на Sustainability Awards 2020, во организација на ЕБОР

Од:

ЈП Водовод и канализација – Скопје, поддржано од Владата на Република Северна Македонија и основачот Град Скопје, е добитник на втората, сребрена награда на Sustainability Awards 2020, за проектот „Пречистителна станица за отпадни води – Скопје. Изборот е во организација на Европската Банка за Обнова и Развој, која повеќе од 10 години ги доделува наградите за одржливост и ги признава достигнувањата во пет специфични категории: одржлива енергија, климатска обнова и одржливост, еколошки и социјални практики, еколошка и социјална иновација и родова и економска вклученост.

Проектот за пречистителната станица за отпадни води – Скопје ја освои втората награда во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција со 47 номинации, од кои вкупно 16 компании од 11 земји од светот беа избрани за добитници на овогодинешните награди.

„Јас сум навистина горд и среќен што по 15 години, од кога постои самата идеја, токму сега, во овој период, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја отпочна реализацијата на овој капитален, еколошки проект, чија вредност и значење се потврдени со освојување на втората награда на Sustainability Awards 2020, доделена од страна на ЕБОР. Испишуваме нови страници во историјата на Град Скопје и оваа награда е само уште една потврда за нашите заложби, посветеност, професионалност и поставување на нови стандарди не само во работните процеси туку и во општеството и во заштитата на животната средина. Ова признание е одличен мотив за да продолжиме по веќе успешно трасираниот пат“, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители и е еколошки капитален проект, чија вредност е процената на околу 136 милиони евра, кој ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина, а воедно и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на град Скопје. Со изградбата на пречистителната станица нашата држава ќе има над 90% прочистени води што е еден од критериумите кои треба да се исполнат при отворање на преговорите со ЕУ. Проектот како таков е препознаен тука, но и во Европа, а доказ за тоа е неговото вклучување во Акциониот план за Зелен Град од страна на Град Скопје и поддршката добиена од Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, Град Скопје, ЕБОР, ЕИБ и ЕУ Делегацијата.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

ССМ: Директорот на Водовод продолжува со своето шерифско однесување, незаконски му даде отказ на претседателот на Син­дикатот

Ана Ололовска