ЈП Водовод: Да не се кршат и оштетуваат јавните чешми

Од:

Да не се кршат, руинираат и оштетуваат јавните чешми на територијата на Град Скопје, а наводнувањето на зелените површини да се врши во вечерните часови, апелира ЈП Водовод и канализација.

Според претпријатието, последните примери на оштетувања се новите јавни чешми со тајмери.

– По притискање на тајмерот, тече вода одреден период и потоа запира. Се кршат тајмерите за водата да тече постојано, со што се намалува притисокот на водата на територијата на Градот. Лани беа набавени и поставени 55 вакви нови чешми со тајмери, токму поради зачувување на водата за пиење, а воедно и зголемување на притисокот во водоводната мрежа, стои во соопштението.

Според ЈП Водовод, освен што одзема време, постојаното поправање на јавните чешми троши и ресурси и парични средства кои може да се искористат за други работи во полза на граѓаните.

Во однос на зелените површини, со ЈП Паркови и зеленило е договорено да се наводнуваат во вечерните часови. – Апелираме тоа да го прават и граѓаните за во текот на денот да има нормален притисок на водата во водоводната мрежа, наведува ЈП Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он