ЈП „Улици и патишта“ работат на велосипедската патека на булеварот „Илинден“

Од:

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ поставуваат столпчиња по должината на велосипедската патека на булеварот „Илинден“, ги преместуваат автобуските станици и другите физички препреки и ги спуштаат рабниците при влезот во крстосниците за да се овозможи непречено движење на велосипедистите.

Велосипедската патека по должината на булеварот „Илинден“ е дел од рутата 1 од проектот „Скопје велоград 2017“, која овозможи поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош.

Како дел од рутата 1, Град Скопје ги изгради и реконструира следниве велосипедски патеки: на булеварот „Александар Македонски“, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни, на улицата „Беласица“, од булеварот „Гоце Делчев“ до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни. Велоспипедски патеки има и на булеварот „Гоце Делчев“, од булеварот „Крсте Мисирков“ до улицата „Беласица“, од двете страни, на булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до фонтаната „Лотосов цвет“ и на булеварот „Илинден“, на потегот од Матично до крстосницата со улицата „Љубљанска“.

Град Скопје лани изгради и реконструира велосипедските патеки на улицата „Ѓорче Петров“, од булеварот „Македонска војска“ до мостот за Сарај, на булеварот „Крсте Мисирков“, од Адвокатската улица до кеј „Димитар Влахов“, на булеварот „Крсте Мисирков“, од булеварот „Гоце Делчев“ до Бит-пазар и на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, од Железничката станица до булеварот „Кочо Рацин“, од двете страни.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош