ЈП ПОЦ, СВР Скопје и ЈП Градски паркинг продолжуваат и овој викенд со отстранување на непрописно паркирани возила

Од:

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје и ЈП Градски паркинг и овој викенд продолжува со отстранување на сите непрописно паркирани возила во Општина Центар.

Со цел расчистување на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во централното градско подрачје, денеска се отстрануваа сите непрописно паркирани автомобили во Дебар Маало, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и низ сите населби во општината.

ЈП ПОЦ апелира до граѓаните да ги почитуваат прописите и да не ги паркираат своите возила на коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се наменети за паркинг за да се обозможи нормално движење на пешаците и безбедно возење по улиците.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош