ЈП „Македонски шуми презентираше три нови булдожери за нивна потреба кои се дел од инвестициската програма на претпријатието.
– Пред нас се уште три нови градежни машини, подготвени за работа, со тоа што следнита години заштедите за ЈП Македонски шуми ќе бидат уште поголеми, а се разбира и приходот на претпријатието, што е крајна цел на секое претпријатие кое домаќински работи и се грижи за рентабилноста во работата, рече директорот Жарко Караџовски.
За пример, тој ја посочи 2013 година во која е планирано пробивање на 251 км шумски пат, реконструкција на 217 км и прочистување на 1730 км патишта и дека досега за овие зафати се давале средства на надворешни извршители, а сега, со извршувањето на овие работи со сопствена механизација заштедата ќе биде 40 отсто од трошоците на претпријатието за пробивање, одржување и реконструкција на шумски патишта.
Од претпријатието информираат дека првпат од нивното постоење се преземени мерки за заштеда со инвестирање во сопствено производство со сопствени основни средства.