ЈП „Македонски шуми“ ќе ги сертифицира шумите

Од:

ЈП „Македонски шуми“ почнува со сертификација на шумите. Како што соопшти денеска, сертификацијата ќе се спроведува според ЕФЦ програмата што се користи во европски и светски рамки.

– PEFC е најголемата глобална сертификациска шема според која се сертифицирани преку 300 милиони хектари шума ширум светот. Строгите правила на PEFC, проверката на терен која ја изведува независен орган и националниот контекст одразен во националниот стандард за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) даваат сигурност за одржување на еколошките, социјални и економски функции на шумите, беше речено на прес-конференција.

Годинава ЈП „Македонски шуми“ ќе работи на пилот проект за подготовка за сертификација на една шумско-стопанска единица во рамки на подружницата „Равна Река“ – Пехчево. Проектот ќе опфати повеќе активности, меѓу кои: подготовка на внатрешни протоколи за управување во сертифицирано шумско подрачје, набавка на заштитна опрема за теренските работници, обука на стручниот кадар и теренските работници за примена на одржливи шумски практики, како и адаптација на стопанисувањето на шумите според барањата на националниот стандард за ОСШ донесен согласно меѓународниот стандард на PEFC.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула