ЈП Комунална хигиена засилено ја чисти околината на Градскиот станион

Од:

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Град Скопје, почна да спроведува посебна акција за одржување на јавната чистота во централното градско подрачје и во околината на Градскиот стадион.

Акцијата, информираат од Јавното претпријатие, почна на 11 јули и ќе трае до завршувањето на Супер купот на УЕФА што на 8 август 2017 година ќе се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

– Во акцијата секојдневно учествуваат приближно 20 работници кои се ангажирани за расчистување на отпадот, чистење и метење на скалите што ја поврзуваат улица „Лазар Личеноски“ со кејот на реката Вардар и рачно и машинско метење на скалите во близина на Градскиот стадион. Покрај тоа работат на расчистување на отпадот под мостот „Гоце Делчев“, Камениот Мост, мостот „Мајка Тереза“, мостот „Око“ и мостот „Слобода“, како и на рачно и машинско миење на сите улици и патеки околу Градскиот стадион, соопшти Комунална хигиена.

Покрај стандардната механизација, се вели во соопштението, во рамките на посебните активности поврзани со одвивањето на Супер купот на УЕФА, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје употребува и едно специјално комунално возило – пијаџо и три автоцистерни.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски