ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Од:

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите два дена реализираа засилени активности во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини.

Отстранети се 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини, почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, каде што продолжува да се собира и транспортира комуналниот отпад според стандардната динамика, утврдена со Оперативната програма за работа на претпријатието.

– Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини, се додава во соопштението од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски