ЈП „Комунална хигиена“ отвори ново одделение за грижа на корисниците

Од:

Во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје од 1 јуни официјално ќе почне да функционира новoто Одделение за грижа на корисниците.

Според директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, целта е да им се излезе во пресрет на потребите на нивните корисници во однос на административното работење. Воведена е елктронска достава, е набрзо ќе се воведе и можноста за онлајн плаќање.

-Веќе започнавме со електронска достава на фактури, додека најзначајната новина што најпрво ќе ја воведеме секако е можноста за онлајн-плаќање, којашто на граѓаните значително ќе им го олесни процесот на плаќање на сметките за собирање и транспорт на комунален отпад. Сите свои останати барања, нашите корисници ќе можат да ги достават токму во ова Одделение, во чијшто состав ќе се наоѓа и архивата на Претпријатието, рече Шабани на денешната прес-конференција.

На отворањето на Одделението присуствуваше и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, кој нагласи дека Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со активностите за расчистување на стрништа.

Во согласност со потребите и барањата на корисниците, Шилегов рече дека неодамна се воведени низа подобрувања на услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните.

Одделението за грижа за корисници на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе функционира од понеделник до петок, од 7 до 19 часот, а корисниците ќе можат да се информираат и на е-адресата: [email protected]. Сите потребни обрасци што се однесуваат на барањата на корисниците ќе бидат објавени и на веб-страницата: www.khigiena.com.mk.

-За оние граѓани кои добиваат заеднички сметки на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, во Одделението за корисници е поставен и апарат со којшто ќе можат да извршат електронско плаќање на овие побарувања, се наведува во соопштението на „Комунална хигиена“.

Би можело да ве интересира

Перински: Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите

Предраг Петровиќ

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија

Ана Ололовска

Мазнева: Блокирањето на програмите на Комунална хигиена во Советот на Град Скопје е реваншизам

Ана Ололовска