ЈП Комунална хигиена: Граѓаните совесно да го одлагаат отпадот од заштитна опрема

Од:

Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје апелира до жителите на Скопје употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во претпријатието.

– Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на „Комунална хигиена“ – Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад. Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси, наведуваат од претпријатието.

Додаваат дека тие го третираат отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија

Ана Ололовска

Мазнева: Блокирањето на програмите на Комунална хигиена во Советот на Град Скопје е реваншизам

Ана Ололовска

„Комунална хигиена“: Заостанат долг може да се плати без камата заклучно со 31 март

Ана Ололовска