ЈП „Комуналец“ – Кичево со казни за корисниците што не плаќаат за вода

Од:

ЈП „Комуналец“ од Кичево најави дека веќе има почнато со контрола на теренот кај оние домаќинства што со години не ги платиле сметките за водата и за другите услуги што ги нуди ова претпријатие. Новиот директор на ЈП „Комуналец“, Зенел Јонузи, најави дека долговите на претпријатието што ги наследиле се големи и тоа како последица на немањето вршето контрола на терен и отсуствотона казнени мерки за корисниците што не плаќале за услугите.

– Месечната сметка на ЈП „Комуналец“ за водата што ние ја купуваме од државното претпријатие “Студенчица” е околу 11 илјади евра. Сумата што ние им ја должиме ним е околу 80 милион денари, долг што го наследивме од сите поранешни општини на Кичево, освен Зајас, за неплатени сметки од страна на граѓаните за потрошената вода. Кај луѓето постојат стереотипи од типот:„Сите Македонци не платќаат за вода, зошто само ние да плаќаме“, или обратно. Тоа не е вистина. И кај едната страна, и кај другата, има такви што ги плаќаат услугите и такви што никогаш не ги платиле, што е некаде 50% од потрошувачите. Тоа е многу. Затоа ние сме принудени да преземеме мерки за казнување за да се платат сметките и ние да можеме да ги намалиме нашите долгови – изјави Јонузи.

Најголем долг кон ЈП „Комуналец“ имаат образовните и здравствените институции ,како основното училиште „Владимир Полежиновски“ со три милион денари, ОУ „Санде Штерјоски“ со 2,5 милион денари, Медицинскиот Центар со 1.5 милион денари итн. Што се однесува до долговите на овие државни институции, според Јонузи, државата треба самата да се погрижи и да најде решение.

Falume Dervishi

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево