ЈП „Комуналец“ Кичево: Да не се фрла покуќна и градинарски отпад во контејнери

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец” од Кичево апелира до граѓаните да не фрлаат старите покуќнини и градинарски овоштарски отпади во контејнерите или покрај него, бидејќи тоа не е комунален отпад.

– Комуналниот отпад е неопасен и се создава од физички лица, како и комерцијалниот отпад. Но треба да се знае дека старите покуќнини и градинарски овоштарски отпади не спаѓат во комунален отпад и истите нема да бидат подигнати, велат во денешното соопштение од ЈП „Комуналец”.

Доколку граѓаните имаат ваков отпад, како што посочуваат од „Комуналец”, треба посебно да се пријави и за таа услуга дополнително се наплатува.

– Во случај ако граѓаните и правните лица не се придржуваат на законските одредби, тогаш општинскиот комунален инспектор, униформираните полициски службеници и комуналниот редар се должни на сторителот на прекршокот да му поднесат пријава или да му изречат глоба, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица