Јовковска- Ефтимовска:Не се чувствувам тепана, бев на браникот на демократијата

Од:

Пратеничката Дивна Јовковска- Ефтимовска е згрозена од непримерната употреба на сила од страна на полицијата во Собранието , а уште поморбидно, вели, е чувството кога знаеш дека тепа и удира полиција која граѓаните ја плаќаат, и за која пратениците од СДСМ, често поставуваваат пратенички прашања кога конечно ќе се обезбедат пари за нови униформи.

Тоа е пранеичката која грубо беше влечена од обезбедувањето среде собраниска сала и пред очите на пратеничките и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СП, ДП , ДОМ и ДУИ.

„Разочарана сум и од однесувањето на пратениците од владеачкото мнозинство кои уживаа и со смеење го следеа нашето насилно исфрлање од собранискота сала.Коплетна фаличност на човечка димензија,за солидарност да не стане збор.Затоа лицемерни се крокодилските солзи на претседателката на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените Лилјана Поповска,која вообичаено веќе, едно зборува,а друго прави.Дента не реагираше.Беше дел од екипата која го гледаше филмот во режија на власта`, рече Јовковска- Ефтимовска.

Иако бев во групата на која се удри, вели Јовковска- Ефтимовска не се чувствувам тепана, од причина што знам дека бев на вистинската страна,на браникот на демократијата и уставниот поредок на РМ.

„А сега нешто од Макијавели кој неодамна го цитираше пратеничка од ВМРО ДПМНЕ,иако сметаше дека тоа што го кажа е реплика на Ајнштајн,а не на Макијавели. Е тој,Макијавели во неговото дело „Владетелот“го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Тепањето на пратениците е практицирање на Макијавелизам од страна на власта,се со цел по секоја цена да се остане на власт“.Дефинитивно сум згрозена и ги осудувам настаните пред и во Собранието на Република Македонија кои резултираа со насилно донесување на Буџетот за 2013 година од страна на владеачкото мнозинство,со употреба на сила кон пратениците на опозицијата, но и кон новинарите, изјави за Преспа Скај, пратеничката Дивна Јовковска- Ефтимовска.

Јовковска- Ефтимовска семта дела со настаните во понеделникот се изврши убиство на и така кревката македонска демократија и вовед во тоталитаризам`.

„ Оние што беа најгласноговорни противници на едноумието, денес се негови најревносни практиканти. ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот ја силува македонската демократија ,и тоа го документираат снимките.
Цели 20 години ја следам македонската политичка сцена и до денес не сум видела уредно акредитирани новинари да се влечат и насилно да се бркаат од галеријата во собраниската сала се со цел да се скрие бруталноста над пратениците од опозицијата.Како долгогодишен радио новинар морам да искажам должна почит кон сите мои колеги-новинари за отпорот кои го пружаа во име на спасувањето на честа на професијата,меѓутоа и во име на вистината која сакаа да ја соопштат“, рече Јовковска- Ефтимовска .

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов