Јовески: Има заинтересирани за спогодба во „Рекет“

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека имало заинтересирани за спогодба во предметот „Рекет“.

„До овој момент спогодба не е постигната“, рече Јовески и потврди дека имало заинтересирани за спогодба.

Во случајот „Рекет“ досега обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“, Зоран Милески Кичеец кој се сомничи за трговија со влијание и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор.

Јовановски вчера требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Би можело да ве интересира

Фирмите поврзани со Боки 13 затаиле данок од 325 илјади евра

А1он

УЈП: Кривични пријави против сојузот на Боки 13, Томато продукција и БМЈ груп

А1он

Јанева се враќа во Шутка

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Мицкоски: Не сум веќе сопственик, го отуѓив мојот дел во хидроцентралите

Татјана Ташкова

Заев: Времената суспензија на Ременски и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност

Татјана Ташкова

Ременски не се чувствува виновна за случајот „Рекет“, Заев очекува да се докаже нејзината невиност