Јовески: Има заинтересирани за спогодба во „Рекет“

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека имало заинтересирани за спогодба во предметот „Рекет“.

„До овој момент спогодба не е постигната“, рече Јовески и потврди дека имало заинтересирани за спогодба.

Во случајот „Рекет“ досега обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“, Зоран Милески Кичеец кој се сомничи за трговија со влијание и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор.

Јовановски вчера требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог