(ВИДЕО) Јовески: Гарантирам дека ќе ја вратам изгубената доверба во обвинителството

Од:

Новоизбраниот јавен обвинител, Љубомир Јовески ветува дека ќе ја врати игубената доверба во Јавното обвинителство. Тој се заблагодари на укажаната доверба за неговиот избор и рече дека тоа за него е голема чест, но и одговорност.

„За мене тоа е голема чест и одговорност. Пред голем предизвик сум да ја вратам изгубената доверба. Ќе се дистанцирам од извршната власт и други центри на моќ. Гарантирам самостојност во работата на обвинителите и гонење на криминалот врз основа на факти и докази. За време на вршењето на функцијата ќе го почитувам Уставот“ рече Јовески.

Тој не сакаше да прецизира кој е првиот случај за кој ќе се фати со работа.

„Оставете десетина дена да видиме кои се приоритетите на обвинителството“ нагласи Јовески.

Новиот јавен обвинител додаде дека е подобрена соработката со СЈО и дека таа ќе продолжи согласно законските можности.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски