Јовановски во снимките му кажува на Камчев дека мајка му и сестра му нема да бидат во обвинителен акт на СЈО

Од:

Во еден од разговорите кои се пуштаат во судницата во врска со случајот „Рекет“ се слуша Орце Камчев како се лути за брифинг од обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова во врска со предметот „Империја“.

Тој го прашува Јовановски која била целта на тоа што Стефанова изнела пред медиумите информации за „Империја“, притоа потенцирајќи дека му ветил претходно дека таа е под контрола.

„Школски е сработено од Лиле Стефанова. Јас да кажувам дали е монтирано или не е, не можам, ниту сум судија, ниту сум обвинител. Јас не можам да кажам која е целта на Стефанова, бидејќи е хипотеза тоа и можам да ве излажам. Комуникација на тоа ниво, јас немам“, вели Јовановски.

На ова биснисменот го потесетува Боки 13 оти веќе го прашал дали Стефанова е под контрола.

„Јас те прашав дали е таа под контрола, ти рече “ок ќе биде’”, вели Камчев, а Јовановски му одговара „Ова е ПР на Лиле Стефанова. Не го знам точниот мотив за Лиле Стефснова да излезе пред новинарите и да говори за ‘Империја’. Дека предметот има сведоци и заштитени сведоци, тоа можам да го тврдам пред вас”, на што Камчев вели „Какви се тоа заштитени сведоци, измишљотини. Тоа не е на татко ѝ од Радовиш“.

Бизнисменот исто така нагласува дека целта на обвинителката Стефанова му е нејасна.

„Јас ти гарантирам дека нема криминал, дека доказите нејзини се за во Радовиш. Каде е државата оштетена? Нема затајување данок, нема ништо. Нејзината цел ми е нејасна. Ако треба да лежам затвор, ќе лежам, ако сме погрешиле, и тоа е“, вели Камчев.

На ова Јовановски вели: „Сега ви кажав отворено дека начини постојат и дека за овој последен чин од претставата ‘Империја’ со тебе имам една улога и дека со него ќе имам друга. За тоа има услови“, вели Јовановски.

„Пријателски се сочувствувам со тебе“, додава Јовановски зборувајќи со Камчев откако тој се жали дека мајка му и сестра му уште рано наутро биле повикани во СЈО.

Јовановски исто така бара Камчев да не потпаѓа под манипулации.

„Прво требаше да излезе татко му на Дејан, потоа Орце. Потоа поради политичкиот притисок требаше да излезат сите. Постоеше политички притисок и волја да тие бидат дома. Возрасни сте и ќе ве замолам да не потпаѓате под манипулации или некој да ви кажува бајки”, вели Јовановски, а пак Камчев тврди „Јас со никого не сум разговарал, ни со премиер, ни со никого“.

„Попаметно е да не знаат дека постојам, но не ме интересира тоа“, вели Јовановски на крајот од снимката.

Јовановски во дел од снимката им објаснува на Камчев и Камчева дека сестрата и мајката на Орце први ќе бидат исклучени од одредена постапка на СЈО.

„Јас имам интерес, да не се лажеме. Друго, политички нека не те лажат. Да не бидам поконкретен, а ако треба и ќе бидам. Немој да веруваш дека тука не знам колку политички сакаат некого од вас да заштитат. Има една вистина, тенденцијата за тебе е ова втората опција е признавање и оштета. А на него, казна не му бега. Што се однесува до Ратка и до Тина, неколку аспекти има што треба да бидат прочешлани и први ќе бидат исклучени од обвинителниот акт”, вели Јовановски, а пак Ана Камчева прашува “А Тодор”, на што добива одговор од Јовановски “За него немам одговор”.

„Нема казна, имаш договор. Со проценител ако има некаква штета”, вели Јовановски откако Камчев го запраша “А што е казната”.

„Извини му се сега пред сите четворица тука”, вели Камчева во снимката, откако Јовановски се жали дека некој од присутните претходно му се раздрал.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов