А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Јовановски тврди дека Камчева и Милевски добиле ветување од Заев за олеснување на положбата на Камчев во „Империја“

by Кристијан Ландов07/05/2020 - 13:2207/05/2020 - 13:30974
Share0

Ана Камчева и Зоран Милески – Кичеец биле во кабинетот на Зоран Заев и неколку амбасади, кажа обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“, посочувајќи дека при една од средбите, Камчева и Милески – Кичеец од Заев добиле ветување дека ќе направи сè што може да ја олесни положбата на Камчев во случајот „Империја“, кој во тој период бил во затвор.

Добивај вести на вибер

Јовановски пред судечкиот совет рече дека осудениот Зоран Милески и сопругата на Камчев имале неколку средби со Заев. Образложувајќи ги случувањата, Јовановски дополни дека Заев сметал дека поради „Империја“ не смеело да трпат бизнисите на осомничените.
Во однос на осудениот Милески – Кичеец, Јовановски сведочеше дека имало обиди кога го терал да влијае врз Јанева, на што му одговарал дека до неа не може никој да припари.

Но, освен влијание врз Јанева, според сведочењето, Милески барал Јовановски да влијае и кај градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, за изградба на висококатница, а за возврат добил ветување дека ќе има студио за „1ТВ“ и шопинг-центар.

„Тогаш бевме пријатели со Стефан Богоев. Сега веќе имам поднесено кривични пријави против него, но не се поврзани со овој предмет“, објасни Јовановски.

Додека даваше исказ, Јовановски неколку пати напомена дека во неговиот телефон, одземен од Обвинителството, има пораки кои ќе дадат друго светло на случајот „Рекет“. Тој и натаму бара тие материјали да бидат изведени од неговиот уред.

„Јас од мојот телефон немав ништо бришено. Немав ни заштити на телефонот, а тоа покажува дека не сум направил кривични дела“, додаде Јовановски.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен