Јовановски: Трајче Заев купил 22,25 отсто од акциите на „Герас Цунев“ за само 20 илјади евра

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека кланот Заеви со матни зделки го ширеле бизнисот и купувале компании по багателни цени.

– Трајче Заев во само 10 евра за м2 стана сопственик на конфекцискиот гигант Герас Цунев. Значи по само 10 евра за м2 доби компанија подготвена за работа. Братучедот на аболицираниот криминалец Зоρан Заев, Тρајче Заев купи 22,25 проценти акции од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“, κој поседува индустриски погони и деловни простории од вкупна површина од 7.396 м2 за само 20.000 евρа. Практично κвадρатен метар деловен простор го купиле за само 10 евра. Овде од авион се гледа дека нешто не е во ред. За 20.000 евра граѓаните не можат да купат ниту гарсоњера од 25 м2, а не деловен објект и индустриски погон, рече Јовановски.

Тој рече дека додека сите ние макотрпно работиме, фамилијата Заев очигледно ја користат моќта која Зоран Заев ја има како премиер и под притисок купуваат фирми со минимални суми за 20.000 евра.

– Заеви купуваат бизниси се шират и го зголемуваат своето производство под сомнителни околности. Ова е работа на обвинителството. И тука треба да се испита криминалот и за тоа да одговараат. Поради ваквиот начин на работење, граѓаните ќе го казнат Зоран Заев на 15-ти октомври на локалните избори, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ