Јовановски: Со Катица сум седел во ресторан исто колку со Русковска

Од:

Прво побара чаша вода, а кога судијката му рече дека може својот воведен говор да го даде седејќи или, доколку не му е добро, не мора да го даде, Бојан Јовановски – Боки 13 на судењето за Рекет изјави: „Живеев за денот кога ќе дојде моментот да можам да зборувам, зошто сум мета на јавен линч веќе 5 месеци”.

Тој рече дека колку што седел во ресторан со ексшефицата на СЈО Катица Јанева, исто толку пати седел во ресторан и со надлежниот јавен обвинител, мислејќи на обвинителката Вилма Русковска.

Тој го нарече „Рекет“ несреќно наречен случај, бидејќи преку предметот се играле валкани политички игри, на негови рамена.

„Од кривично правен случај се претвори во случај на сензација. Мојот и животот на членовите на моето семејство беа загрозени, се уништи еден медиум. Станува збор за бедна конструкција на предмет оти синот на второобвинетата беше вработен во 1ТВ“, рече Јовановски пред судот и ја повика на помош меѓународната заедница.

„Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде“, рече Јовановски.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека нема никакви релевантни докази за делата за кои се товари неговиот клиент.

„Ако судот на збор му верува на сведок за дадени пари, тоа е премалку“, рече тој.

Според Дуковски, на Боки 13 му биле одземени 71 огромни вреќи со гардероба, со образложение дека таа била купена во периодот ноември 2018 – април 2019.

„Во тек е изготвување на верификувани фотографии на кои ќе се види дека гардеробата е купена во 2013 година“, рече Дуковски пред судот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева