Јовановски: Сериозен премиер би се срамел од ваквата економија

Од:

Опозициската СДСМ во осврт на состојбата на економијата по ланските избори оценува дека власта бележи лоши резултати, со нула стапка на раст, зголемена невработеност, намален стандард на граѓаните, неликвидност на фирмите и зголемен долг на државата.

„Од ланските парламентарни избори наваму она што се случува во македонската економија и со стандардот на граѓаните е чиста катастрофа. Онаму каде што граѓаните најмногу се надеваа, кај економијата, нема резултати, и затоа разочарувањето е огромно и постојано расте“, рече потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски на прес-конференција.

Стапката на невработеност, посочи, достигнала 31,6 проценти, поскапеле струјата, бензинот, парното, а се најавувало ново поскапување на храната. Од јуни лани до март годинава стапката на раст на македонската економија изнесува точно нула проценти, укажа Јовановски и додаде дека десет месеци по ред има пад на индустриското производство, и се зголемуваат бројот на блокирани сметки на граѓани и фирми и износот на државниот долг.

И покрај сите проблеми во економијата, тврди Јовановски, власта продолжила да ги троши буџетските пари за непродуктивни намени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби