Јовановски: Протестираат 33 градови, толку пати Македонија е спомната во Библијата, толку години живееше Исус Христос

Од:

Актерот Владо Јовановски на протестот „За заедничка Македонија“ од Охрид кажа дека денеска се протестирало во 33 града во државата, а бројката не била случајна.

– Во 33 други градови низ Македонија, не случајно е бројката 33, туку Македонија во Бибилијата е спомната ни повеќе ни помалку туку 33 пати. Тоа се годините кои ги живееше спасителот наш на земјата Исус Христос, толку се и пршлени на рбетот во човековото тело. Не само во 33 градови, моето чувство е дека цела Македонија ќе стане и излезе на улиците бидејќи граѓаните станаа свесни дека ако сега не се на улиците, цел живот ќе бидат уличари без свој дом.

Сега е вистинското време кога треба нашата заедничка куќа, ние македонскиот народ и сите граѓани на РМ кои припаѓаат на сите етникуми, да излеземе и да кажеме „стоп“ за разградување на нашата етничка Македонија. Видете луѓе, мене ми е прекрасно на сцена, но што ми вреди сцената и мојата прекрасна професија ако ја изгубиме Македонија, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

Шест месеци казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1он

Ана Ололовска

Владо Јовановски: Иднината не е се она што ќе дојде

Ана Ололовска

Драган Спасов Дац: Актерите што ја откажаа претставата ќе бидат казнети

Ана Ололовска

Оливер Митковски: Не бараме амнестија за колегата Владо Јовановски

Ана Ололовска

„За заедничка Македонија“ го оспори изборот на Талат Џафери пред Уставен суд

Ана Ололовска

Актерот Јовановски се правда: Во Собрание бев да изнесувам повредени и носев вода на полицајци!

Ана Ололовска