Актерот Јовановски се правда: Во Собрание бев да изнесувам повредени и носев вода на полицајци!

Од:

Актерот Владо Јовановски, eден од оние кои со толпата влетаа во Собранието, при што беа повредени пратеници, новинари и сниматели, на својот Фејсбук профил се обидува да се оправда дека не повредил никого, и никому не сторил ништо лошо. Според него додека бил во Собрание, изнесувал повредени и давал вода на полицајци.

Тој пишува дека откако се вратил од селото Слепче, каде што читал стихови за новопрогласениот светител Свети Кипријан Слепчански, се шокирал кога го отворил својот Фејсбук и ги прочитал коментарите со осуда за него.

„Ме осудиле и уште да ме запалат ако можат, без разлика што не сум сторил никому ништо лошо. Нит сум повредил некого ниту го одобрувам насилството. Ако е грев да изнесеш повреден или колабиран човек од општ хаос, тогаш е во ред. Или ако е грев тоа што во неколку наврати им давав вода на полицајците, на врата и тоа е во ред. Или тоа што се дерев таму да ме чујат со апели да нема насилство. Како и да е, само на злобниците кои од ново ме стрелаат, ќе им кажам само да не ме жалат мене, туку да се жалат себеси“, напиша Јовановски.

Актерот Јовановски е меѓу лицата од толпата за кои МВР бара притвор поради организирање на протестите и нападот на Собранието во четвртокот заедно со Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски.

Актерот Владо Јовановски, познат како наратор во владините реклами „Ех моја чудесна Македонијо“, на 15 февруари напиша дека војна ќе има и прашува колку чини пластичен експлозив на црниот пазар.

Еве што тогаш напиша Јовановски:

„Фауст од Муртино потпишал! Своерачно го потпишал договорот. Го потпишал со крвта на загинатите бранители, од сегашните и минатите војни. На тој слуга, гласот му го дадоа триста и педесет илјади заблудени граѓани. Има и такви кои велат дека ѓаволот ги измамил, дека биле несвесни. Како и да е, после е..ње нема каење. Само, штетата што ја направи таа црпка е голема. ЌЕ ИМА ВОЈНА! НОВА ВОЈНА ЌЕ ИМА! ЦРПКООО, НИКОЈ НЕ САКА ВО ТВОЈАТА КОЖА ДА БИДЕ!
КОЛКУ ЧИНИ КИЛО ПЛАСТИЧЕН ЕКСПЛОЗИВ НА ЦРНИОТ ПАЗАР“

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска