Јовановски од Железници: Едно од тркалата на возот излегло од пругата, возот не е излетан и нема повредени

Од:

Патничкиот воз кој сообраќал од Гевгелија за Скопје возејќи 150 патници, не се излизгал од пругата утрово на станицата Кадина река, туку имал проблеми со едно од тркалата на вагонот кое се изместило од шината.

По првичната вест дека возот се излизгал кај Кадина река со 150 патници во него, а која беше објавена и на официјалната страница на Македонски железници, оттаму појаснуваат дека не се работи за посериозен инцидент и шансите да им се случат повреди на патниците биле мали.

– Едно од тркалата на вториот вагон од композицијата со една локомотива и три патнички вагони излегло од шината при тргнување на возот. При брзина од три километри на час, тркалото се изместило и возот застанал. Со оваа брзина не може возот да излета. Ова се случи околку седум часот утрово. Во правец на Кадина Река, од Скопје веднаш беше упатен друг патнички воз кој ги презема патниците од гевгелискиот воз и ги превезе до Скопје – рече за „А1он“, директорот на патнички сообраќај во Македонски Железници, Саша Јовановски.

Поради инцидентот не сообраќаа утринскиот патнички воз од Скопје за Битола и претпладневниот од Скопје за Велес, а сообраќајот се нормализираше околу 11.30 часот.

Би можело да ве интересира

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски