• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Јовановски: Обраќањето на Груевски неискрено и контрадикторно

by А1он24/09/2012 - 15:33164
Share0

Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски рече дека обраќањето на премиерот е задоцнето, зашто проблемот со доцнењето на плаќањето на долговите од страна на Владата не е сегашен, како што сака Премиерот да го претстави, туку е проблем кој се повторува веќе подолго време.

Добивај вести на вибер

„Повеќе од двеипол години опозицијата, коморите, стопанствениците, му укажуваа на премиерот дека Владата е премногу недисциплинирана во исплатата на своите обврски кон фирмите и јавно го предупредуваа дека тоа се претвора во главен создавач на неликвидноста и во извор на проблемите во македонската економија. Штетата што е веќе направена не може да се поправи. Илјадници фирми мораа да отпуштаат работници и да го запираат производството, а голем број од нив и целосно да згаснат, пред премиерот Груевски да се сети дека токму неодговорното однесување на Владата го гуши стопанството“, рече Јовановски.

Премиерот според Јовановски бил и контрадикторен зашто изнел работи, кои се спротивни на претходните негови изјави.:
„ Она што до пред само една, две недели, претставуваше мало задоцнување, кое редовно се сервисира, наеднаш се претвори во толку голем долг, за кој ќе бидат потребни шест месеци за да се санира и внимавајте, не со заштедени пари во буџетот, туку со нови задолжувања во странство.

Во своето обраќање, Премиерот најавува дека ќе се раздолжи, а не понуди механизам, со кој ќе се спречи во иднина повторно да се натрупа долг на државата кон фирмите. На пример, Премиерот вчера не кажа дека задолжницата од утре ќе почне да важи и за државата.

Контрадикторностите во вчерашното обраќање на Премиерот, покажуваат дека тој нема план. Тој само купува време за да направи привид кај граѓаните, дека знае што прави“, рече Јовановски.

Според Јовановски премиерот е неискрен зашто знае дека Македонија е во рецесија, не заради нешто друго, туку поради неговите економски политики на агресивно, непродуктивно трошење и безмилосно луксузирање.

„Премиерот не беше искрен кога пред една година, ги најави покачувањата на платите и пензиите за овој декември. Сега покачувањето на платите го одложува за една година, а покачувањето на пензиите за во Март, пред избори. Тој и пред една година и сега се коцка со своите ветувања, надевајќи се на некое чудо, кое ќе му овозможи истите да ги оствари.
Ако беше искрен, премиерот во вчерашното обраќање, ќе кажеше колкав е долгот на државата кон фирмите. Така, сите ќе можевме да следиме дали премиерот во ноември навистина им врати на фирмите половина од својот долг. Вака, нема контрола и никој ништо не знае“, рече Јовановски.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он28/01/2026 - 17:3628/01/2026 - 17:47

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:40

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:07

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:0128/01/2026 - 11:07

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:2427/01/2026 - 19:50

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен