Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски преку неговиот адвокат Сашо Дуковски, побарал Јовче Ременски, да не сведочи во случајот.
Дуковски како бранител на Јовановски побарал од листата на сведоци да се повлечат и бизнисмените Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделевски.
Сведоци на денешното рочиште се поранешниот вработен во 1 ТВ, Сергеј Варошлија, сопственик на оптика и пријателка на Јовановски, Марија Јанковска и Александар Кртов.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.