Јовановски два пати во една недела бил кај Јанева, покажуваат ПИ-мерките

Од:

Од посебните истражни мерки кои биле спроведувани од 21 јуни 2019 година, кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески, се гледа како Бојан Јовановски одел кај Катица Јанева, во куќата од каде ја уапсија.

Зоран Милески, пак, патувал за Охрид, а по пат подавал ќеса на женско лице, презентираше обвинителката Вилма Русковска. Во останатите снимки направени со ПИ-мерки, се гледа како тој се среќавал со Лила Филиповска, неговите родители, Анета Кочишки, но и непознати лица.

Јовановски и Милески одат во различни локали и хотели, како и седишта на фирми, прв пат, од спроведувањето на мерките, Јовановски бил на први јули 2019 во куќата каде престојувала Катица Јанева, а потоа, седум дена подоцна повторно ја посетил.

Откако обвинителката Вилма Русковска ја кажа адресата каде бил Јовановски, потенцираше дека таму престојувала Јанева, а на ова во судницата се смееше ексспецијалната обвинителка и почна да зборува со адвокатите, по што судијката ја опомена.

Обвинителката Вилма Русковска презентираше и снимка од ПИ-мерките, каде се гледаше како возилото со кое се превезува осудениот Зоран Милески, се паркира кај Владата на улицата „Ристо Шишков“. Потоа, Милески влегол во објект, сопственост на Влада на РМ, презентираше Русковска. Ова се случило на 3-ти јули.

Јовановски пак, гласно се смееше во судница за време на презентирањето на ПИ-мерките, а судијката Васка Николовска-Масевска го праша дали сака да излези надвор за да се смири, а тој одби.

Рочиштето продолжува по кратка пауза.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов