Јовановски до Камчев: Чувствувам дека разговорот ни го слушаат

Од:

На една од аудио снимките која денеска беше пуштена во судницата во Кривичниот суд за случајот „Рекет“, а била снимена од сведокот Орце Камчев, може да се почувствува доза на недоверба што Бојан Јовановски – Боки 13 ја има кон бизнисменот од кој бара пари.

„Дај да се заврши веќе ова. Сите имаме интерес, вие имате еден интерес, јас друг, но сеедно, сите сакаме да се заврши“, му вели Камчев на Јовановски.

Боки 13 одбива да дава конкретни одговори, па упорно вели дека „треба да се видат“.

„Не знам со кого си за да можам да разговарам“, вели Јовановски.

„Сам сум Боки, сам, возам кола! Немам ни шофер“, му вели Камчев.

„Не знам, некако почувствував дека разговорот ни го слушаат“, одговара Јовановски.

„Аман, Не сме деца, ваљда знаеме што правиме“, му вели Камчев.

Разговорот се однесува ма укинувањето на мерката домашен притвор за Камчев, а Јовановски го советува да не се советува со многу адвокати и да го слуша него.

Во судот денеска се презентираат десетици снимки направени од Камчев за случајот „Рекет“, а адвокатите на Јовановски и на Катица Јанева ги оспоруваат снимките со образложение дека немаат ниту датум ниту време и дека не може да се докаже кој со кого разговара.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов