Јовановска Типко: Развојот на добрите односи со соседите е трајно определување

Од:

Трајно определување на Македонија е развој на добрите односи со сите соседи, изјави вечерва македонската амбасадорка во Србија, Вера Јовановска Типко на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија.

– Тие добри односи не подразбираат илузија за некоја идилична атмосфера, туку односи во кои отворените прашања се решаваат преку искрен дијалог, взаемно почитување и меѓусебна доверба, истакна амбасадорката.

– Токму кон такви односи стремиме со пријателска Србија, со која не поврзуваат многу елементи од минатото, сегашноста и иднината, а најмногу човечките релации и взаемните симпатии кои се трајна вредност и поттик за континуирано подобрување на односите, порача Јовановска Типко.

Таа нагласи дека „Македонија денеска го прославува својот 26-ти роденден под глобалното небо прекриено со темни политички облаци, во подрачје каде што и најмал политички потрес може да предизвика разорно цунами и за момент да го збрише она што со години и децении макотрпно го градиме“.

Јовановска Типко порача дека „Македонија одлично чекори кон зацртаната цел, целосно свесна дека патот кон евроатланските интеграции е поплочен со тешки одлуки, визионерски постапки и тешки предизвици, но тоа е пат кој нема алтернатива“.

На денешниот прием присуствуваа српската премиерка Ана Брнабиќ, претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ, претставници на дипломатскиот кор, како и од јавниот и културниот живот на Србија.

Би можело да ве интересира

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он

Снежно невреме ја зафати Србија, патишта блокирани од снежни наноси и несреќи, градови покриени со снег

Гашиќ: Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени

Уапсен сум затоа што имам докази за учеството на Вучиќ во „Сараевското сафари“, тврди белградски адвокат

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Објавени се имињата на жртвите во сообраќајката во Србија, преживеаниот е во кома

Катерина Ѓуровски