Јован Деспотовски со повик за дебата до противкандидатите за лидерската позиција во СДСМ

Од:

Ги повикувам уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да ми се придружат на јавна дебата на која ќе ги презентираме нашите идеи и конкретни реформи. Овој повик доаѓа како одговор на бројните барања од луѓето од цела Македонија со кои се среќавам и зголемениот интерес од медиумите. Нема од што да бегаме, а само преку отворен и транспарентен пристап можеме на луѓето да им дадеме можност да бираат идеи и концепти, а не однапред сервирани решенија, се вели во апелот на кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.

-Охрабрувачки е да се види дека моите колеги активно ги промовираат клучните точки од мојата реформска програма, особено реформата со која се воведува директен избор на клучните луѓе на партиски позиции преку непосредни избори што го промовирав уште пред три години. Силата е во членството. Нема сервирање “готови кадри“ туку членството ќе бира кој ќе ги претставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот.

Гледам дека сега консензуално ги прифаќаат, па сметам дека на една јавна дебата треба отворено да видиме кој каков план има да ги спроведе, како и да си ги споделат и своите идеи за кои ќе се залагаат. Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници. Со јавната дебата ќе покажеме дека сме отворени и посветени на фер процес, во кој информацијата, можноста, идејата ќе дојде до што е можно поширок круг на наши членови, а не само на тесен избор на партиски структури. Процесот на избор на претседател на СДСМ е се освен прашање/право на затворен круг на луѓе. Подготвен сум да се прилагодам на потребите на останатите кандидати во однос за форматот, времето и местото што ќе го одберат – вели Деспотовски.

Би можело да ве интересира

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Деспотовски: СДСМ има сериозен проблем, да се одговори зошто 11 000 членови сакале, а не гласале

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Катерина Ѓуровски

Деспотовски: На голем број на членови на СДСМ не им било овозможено да гласаат

Горан Наумовски

Деспотовски: Новиот СДСМ ќе биде гласна, проактивна, критична и конструктивна опозициска партија со Влада во сенка

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето